Информациите за неверството на Жиру се појавија пред натпреварот против Кристал Палас кој Арсенал го доби со 2-0.
Преку својот твитер профил, францускиот фудбалер го призна неверството и изрази надеж дека ќе може да си го спаси бракот.
„Им се извинувам на мојата сопруга, фамилијата, пријателите, мојот менаџер, соиграчите и фановите на Арсенал” – напиша Жиру на својот твитер профил.
„Сега треба да се борам за прошка од мојата фамилија и мојот клуб. Ништо друго не ми е важно во моментов”.
Пред Жиру е тежок период, покрај проблемите во семејството, се соочува и со дисциплинска казна од клубот.

Извор:24fudbal.com.mk