31-годишна жена од Гевгелија се породила на 29 јуни, но неколку дена подоцна се влошила нејзината здравствена состојба. Таа како итен случај била испратена од гевгелиската болница на Клиниката за неврологија во Скопје.
Е.С.Д. (31) на Клиниката за неврологија била лекувана доследно на лекарскиот протокол, комуницирала со лекарите, јадела и била контактибилна се до одреден момент, кога се влошила наеднаш здравствената состојба, а лекарите од КАРИЛ не можеле да се изборат за нејзиниот живот.
Се претпоставува дека причина за смртта е или тромб или аневризма. Пациентката страдала и од епилептични напади, но додека лежела на Неврологија, не бил регистриран епилептичен напад.