На 08.08.2018 година околу 22.10 часот во СВР Штип, А.А. (48) од с.Милино, во близина на Свети Николе, пријавил дека со нож бил прободен во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга Е.А..
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Велес каде му била извршена хируршка интервенција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведуваат од МВР во Дневниот билтен.