Додека со нетрпение се очекува филмската адаптација на книгата „50 нијанси сиво“, шпанското издание на магазинот GQ ја вжешти атмосферата со едиторијалот инспириран од книгата.
Моделите многу веродостојно го доловиле односот меѓу главните ликови во еротската трилогија „50 нијанси сиво“, срамежливата студентка Анастасија Стил и контроверзниот Кристијан Греј.
Филмската адаптација се очекува на крајот на оваа година и додека се шпекулира кој ќе ги игра главните улоги, сценаристката Кели Марсел откри дека во филмот нема да недостасуваат експлицитни сцени.