Жените сакаат кога грепка

Ново истражување покажа дека претставниците на посилниот пол се повеќе сексипилни со брада. Според истражувањто, жените го гледаат истиот маж како многу попривлечен кога е со 10-дневна брада, во споредба со периодот кога истата е „тазе“ избричена.

Научници од Австралија им покажале на стотици жени и хетеросексуални мажи фотографии на 10 мажи во различни фази на раст на брадата и ги замолиле да ги оценат фотографиите според атрактивноста и машкоста.

Секој маж бил фотографиран избричен, со петдневна, со десетдневниот и со густа брада. Мажите со 10-дневна брада се најдоа најпопуларни меѓу 351 испитани жени, а мажите со густа брада добија највисока оценка за родителски потенцијал како од жените, така и од 177-те хетеросексуални мажи.

Мажите со мазно лице биле најмногу непривлечни како за мажите, така и за жените во сите категории, покажува истражувањето. Научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс, рекоа дека е потребен праг на густината на брадата, за да функционира како сигнал за привлечност. Тие дошле до заклучок дека густата брада покажува помала агресивност.

- Реклама -