Јадењата пржени со мешање секогаш се добра идеја кога немате многу време, а сакате да зготвите здраво јадење. Дали знаевте дека вок тавата е измислена во период од кинеската историја кога имало недостаток на гориво?
Вок тавата во тој период обезбедила начин за брзо готвење со малку гориво. Тоа е оригиналната брза храна!
Ќе се изненадите колку ова јадење е добро… Толку едноставно и брзо, но ќе посакате да сте направиле повеќе. Одбравме природно сладок зеленчук како што се пиперките и црвениот кромид кои одлично се комбинираат со солениот соја сос. Ова јадење е мелем за очите и празник за устата. Вок тавата бргу ќе стане едно од вашите омилени помагала во кујната.
{youtube}Iu11lR1o2qM{/youtube}