Здраво тато…Станав порно ѕвезда!

Посветениот католик и воен лекар, д-р Кевин Викс се вратил од Авганистан и дознал дека неговата ќерка во текот на неговото отсуство станала вистинска порно-ѕведа. Не само во земјата туку иширум светот.  Имено, се работи за од неодамна популарната 18-годишната Миријам Викс,  која стана вистински хит на социјалните мрежи, но и во домашните и во странските медиуми.

Неговата ќерка деновиве со сета гордост се фалеше по медиумите дека го финансира школувањето снимајќи порно-филмови под псевдонимот Бел Нокс (Belle Knox).

Викс бил вчудоневиден од вестите, но на роднините им рекол дека тој и неговата сопруга се уште ја поддржуваат ќерката Мирјам, студентка на Универзитетот „Дјук“ која се одлучила за порно кариера за да ја плати школарината за факултетот.

– Ова е трагедија за нашето семејство. Нејзиниот татко е еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознала. Штотуку се врати од Авганистан. Доби вистинско „добредојде“, изјавила неговата роднина Аманда Мајнор, за британскиот „Дејли меил“.

Сепак, додава дека Викс и понатаму е горд на својата ќерка, но никој не знаел дека такво нешто би можело да се случи.

„Ова е грозно, но тие никогаш не би ја напуштиле својата ќерка. Целото семејство поминува низ вистински кошмар“ додала Мајнор.

Имено, Мирјам неодамна на страницата XOJane напишала дека за порно филмовите се одлучила за да може да ги исплати наталожените сметки.

Откако во четвртокот минатата недела се појавила во емисијата кај Пирс Морган на Си-ен-ен, Мирајм објаснила дека почнала да глуми во порно-филмовите сфаќајќи дека ќе мора да ја плаќа школарината на универзитетот која изнесува околу 47.000 долари годишно.

Мирјам имала одлични оценки и била една од 3.000 студенти примени на „Дјук“ (се пријавиле 38.000).Едно од можните објаснувања зошто оваа млада девојка се свртела кон порнографијата, е и фактот дека семејството е под голем стрес поради заминувањето на татко и во Авганистан.

Мирјам во една прилика на својот блог напишала дека „живеела насекаде во светот затоа што е војничко дете“.
– Финансиската помош што ја добив за школарината беше недоволна и огромно оптоварување за моето семејство – изјавила таа.

Нејзиниот татко, изразито религиозен католик Кевин Викс веќе 19 години е лекар во Воено-медицинскиот центар за ветерани „Man-Grandstaf“ во Спокејн, а неговата сопруга Индијанка потекнува од култура каде со презир се гледа на порнографијата.

)

- Реклама -