Збогум Жизел…манекенката замина во пензија

Манекенката Жизел Бундхен планира да се симне засекогаш од модната писта по „неделата на модата“ во својот роден град Сао Паоло.

34-годишната Бундхен ќе се поздрави со публиката за  последен пат за време на модната недела во Сао Паоло, Бразил, која почнува на 13 април .

Бразилскиот сајт Estadao.com истакнува дека иако веќе нема да се појавува на пистите, Жизел ќе продолжи да биде пример за висока мода и стил. Убавицата, која е една од најпопуларните манекенки повеќе од две децении, се повлекува од модната писта за да се посвети на семејството.

tom-brady-gisele-kids-disneyland

„Жизел ќе се фокусира на специјални проекти и ќе поминува повеќе време со нејзиниот најважен приоритет – семејството”, изјави нејзината сестра Патриша Бундхен, која е и нејзина претставничка и портпаролка.

Жизел, која е со најголеми приходи за последните 8 години се повлекува на 34-годишна возраст или поточно после 20 години активна кариера. Според списанието „Форбс“ минатата година таа заработила 47 милиони долари. Веќе беше соопштено дека за последен таа ќе парадира на модна ревија во Сао Паоло од 13 до 17 април.

Gisele-Bundchen -Catwalk-at-Colcci-Summer-2015-Fashion-Show--04 Gisele-Bundchen -Chanel-Catwalk-Fashion-Show-2015--01

Витката русокоса, омажена за ѕвездата Том Брејди, со кого има две деца, е лице на „Шанел“ и работела со брендови како „Валентино“, Викторијас Сикрет“, „Версаче“ и „Луј Витон“. Неодамна таа ја претстави својата линија долна облека.

Се очекува по подиумот Жизел да ја гледаме  во рекламните кампањи.

gisele-bundchen-catwalk-pics-at-sao-paulo-fashion-week-fall-05 gisele-bundchen-vogue-uk-march-2015

- Реклама -