Заврши најтешката мисија на модерното време, спасени сите 12 деца и тренерот

Драма со среќен епилог – вака светските медиуми ја опишуваат тридневната спасувачка мисија за извлекување на момчињата од фудбалскиот тим и нивниот тренер од поплавената пештера, каде останаа повеќе од две недели.

Трите момчиња кои претходно беа спасени за време на денешната акција, со хеликоптер се пренесени во болница во градот Чианг Раи.

Спасувачката мисија траеше три дена. Во неделата беа извадени четири, вчера уште четири и денес останатите четири момчиња и тренерот.

- Реклама -