Заврши истрагата за смртта на Борис Трајковски

„Заврши истрагата, се е разјаснето“, истакна  главниот истражител на меѓународниот тим Омер Кулиќ, во изјава за Ал Џезира Балкан.

„Останаа само уште два-три ситни детали да ги добиеме. Останува тоа да го подготвиме, да дадеме мислење и да се објави. Наодот ќе биде објавен во март или април“, вели Кулиќ.

Според процедурата резултатите од истрагата прво ќе бидат испратени во обвинителството на БиХ.

Кулиќ не открива детали за тоа дали се работи за атентат или несреќа , но вели дека новата истрага ќе стави крај на случајот.

Повторната истрага за падот на авионот во кој загина тогашниот претседател на Македонија Борис Трајковски беше отворена во јануари 2013 година на барање на Македонија откако беа собрани дополнителни докази од страна на македонското МВР.

Според првата истрага причина на несреќата била процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на мостарскиот аеродром.

- Реклама -