Зависна од операции? На 17 години го промени личниот опис

Додека нејзината сестра Кендал Џенер со многу малку труд изгледа фантастично на сите фотографии, кај Кајли Џенер е забележителен огромниот труд и вложувањето во изгледот за што повеќе да наликува на нејзините постари сестри.

17-годишната реалити ѕвезда видно ги зголемила своите усни, нешто што фановите не пропуштија да и го префрлат во коментарите под последната објавена слики на нејзиниот профил на една од социјалните мрежи.

BG_Kylie-Jenner-Lip-Injecti

„Усните ти изгледаат ужасно напумпано“, гласел еден од коментарите.

Се чини дека Кајли вложува големи напори за повеќе да личи на постарите сестри Кардашијан. Имено, неодамна Кен Џоун, експерт за пластична хирургија од Лос Анџелес, споредувајќи ги нејзините фотографии од пред некоја година, процени дека младата девојка има направено неколку естетски корекции на лицето. И австралискиот магазин „ОК“ неодамна објави дека Кајли вбризгувала ботокс, ги пополнувала усните со филери и имала операција на носот уште пред да наполни 17 години.

Иако таа ги демантира овие наоди, сепак, разликата е очигледна.

15894327515416992677ba55660

- Реклама -