Во текот на изминатата ноќ 120 лица побарале медицинска помош поради симптоми на труење со храна.
Ова е втор случај на труење во Виница, откако минатиот викенд голем број граѓани се затруле од сендвичарница.
Заедничко за сите затруени е што консумирале храна и пијалаци од угостителски објекти во Виница. Минатата недела санитарниот инспекторат затворил една сендвичарница, но труењето се повторило во истиот град.
Ќе се истражува од каде потекнува второто труење, но од Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започнат со увид во тоа од каде доаѓа храната во угостителските објекти и како била чувана, за да може да дојде до повторно труење.