Познатата актерка се спрема за свадба, а на Инстаграм објави фотографија од венчаницата. Или од нешто што наликува на венчаница.
40-годишната Рози Мекгон наскоро ќе застане пред олтарот, па речи со фановите да сподели како ќе изгледа нејзината венчаница.
„Девет денови“, напишала актерката за фотографијата на која позира во чипкаста, бела наметка.
Претпоставуваме дека фустанот се уште не е готов. Веројатно Рози не е толку храбра да се појави ваква на свадбата со Дејв Дитејл, уметник со кого е во врска една година. Пред него, Рози беше во долгогодишна врска со Мерлин Менсон и со режисерот Роберт Родригез.