Откако ќе го видите ова, ќе кажете дека таа е најсекси жена во светот?

Познатата актерка и пејачка е фотографирана пред студиото во Лос Анџелес и тоа во опуштено, би се рекло преопуштено издание. Без шминка со репчиња во косата како мало девојче.

На почетокот на годината магазинот Maxim ја смести Мајли Сајрус на првотo место на листата HOT 100. Уште тогаш многумина коментираа дека се работи за шега и дека уредништвото сакало само публицитет.

Мајли пред неколку години добро котираше во круговите кои сакаа да ја видат како наследничка на Бритни Спирс на тронот како поп кралица, но оттогаш направи многу промени.

Нејзината кратка коса и „гето“ имиџ што покажува премногу кожа, неверојатно високите потпетици и златните ланци ја доведоа до многу лоши критики.

Мајли е фотографирана пред студиото во Лос Анџелес со кратка коса врзана во репчиња, без шминка, со кратка маица, тренерки и папучи.

После ова, зарем има уште некој што смета дека Мајли е најсекси жена во светот?

article-2399500-1B66B880000005DC-776_634x978

- Реклама -