Maрија Груевска, натпреварувачка од Македонија, го наследила својот талент за пеење од нејзиниот татко.
Оваа долгокоса црнка со својот настап на сцената внесе сензуалност, изведувајќи нумера од филмот „ Кој го уби зајакот Роџер“.
И додека Жељко го пофали нејзиното, како што го нарече, совршено пеење, Тончи изрази жаљење што избрала да се занимава со џез, што по негово мислење е можеби насочување кон жанр што не ужива доволно почит во времето во кое што живееме денес. Сепак и тој се согласи дека Марија е одлична.
Како ви се допаѓа вас?