Запознајте ја разгалената најмала сестра на Дејвид Бекам

Таа е позната по љубовните романси со бројни фудбалери.

Медиумите пишуваа дека дечко и ја изневерувал, пишуваа и дека поради вишокот килограми била во депресија, а се шушкаше и дека е во расправија со својот славен постар брат…

Запознајте ја Џоана, најмладата сестра на Дејвид Бекам.

sestra

Џоана Бекам (32) е најмладиот член на семејството Бекам. Најстарата е Лин (42), а најпознат е Дејвид (40). Тројата пораснале заедно со двајцата родители Сандра и Тед во Лондон.

Додека пензионираниот фудбалер, поради кариерата живееше на различни локации низ светот, Џоана остана да живее во близина на своите родители.

Џоан долго работеше како фризерка и шминкерка во еден салон за убавина, во близина на нејзиниот дом, а неодамна реши да покрене сопствен бизнис, при што и помогна нејзиниот брат, кој се појави на настанот по повод отворањето на фирмата.

bekam1

Со оглед на тоа што Дејвид го пропушти роденденот на својата најмлада сестра, се шпекулираше дека двајцата се во лоши односи, но тоа го демантираа со заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Џоана изгледа сака фудблаери, па освен по својот брат, за таблоидите е позната и по романсите со бројни играчи на англиските клубови. Таа беше во врска со фудбалерот Џермејн Дефо, како и со некогашниот соиграч на Дејвид од Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк, кој во 2004 година, беше обвинет дека ја изневерувал.

bekam2

Џоан и самата призна дека долго се борела со депресија, предизвикана поради незадоволство од сопствениот изглед, но во 2003 година, драстично ослабе и од тогаш, како што вели, целосно ја вратила самодовербата. Во едно интервју изјави дека е разгалена и дека шопингот е нејзината наголема љубов.

Таа вели дека најголем идол и е Бијонсе, бидејќи и се допаѓа нејзиниот моден стил, како и Хали Бери поради природната убавина.

- Реклама -