Ектстремно реток цицач кој личи на плишано мече е забележано во Кина за прв пат во последните 20 години.
Малата Или Пика (Ochotona iliensis) близок роднина на зајакот со 20 сантиметри големина, е еден од најзагрозените животински видови во светот, и се верува дека се останати помалку од 1.000 животни во неговата природна средина.
Популацијата на Или Пиката се верува дека е намалена за речиси 70 проценти од неговото откривање во 1983 година, велат научниците.
Или Пика, официјално познато како Ochotona iliensis, беше откриено од страна на конзерваторот Ли Веидонг во 1983 година, кој го нарекол по неговиот роден град.
Ова животно може да биде најдено во планинскиот венец Тианшан во Ксинџијанг регионот во северозападна Кина, и нивната територија е под закана, а популацијата брзо опаѓа.
Кога Или Пика беше откриено за прв пат, г-дин Ли и неговиот тим процениле дека во околината има околу 2.900 животни кои живеат во овој планински венец.
Речиси 20 години подоцна, во 2002 година, г-дин Ли спроведе нови демографси истражувања, кои покажаа дека популацијата паднала на 2.000.