Десет нови модели ја добија престижната титула ангел на Викторија Сикрет.
Модната куќа специјализирана за женска долна облека „Victoria’s Secret“, денес ги објави имињата на дури десет нови „ангели“ кои ќе шетаат на престижните модни ревии. Заедно со познатите модели како Лили Олдрич, Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Бехати Принсло и Кендис Сванепол, новите ангели се сите со расни и заводливи облини.
Моделите Кате Кригориева, Тејлор Хил, Елса Хоск, Марта Хант, Џес Џагасиак, Стела Маквел, Лаис Рибеиро, Сара Сампајо, Роми Стијд и Јасмин Токс ја добиваат престижната титула, а во новите секси одења на пистата на Викторија Сикрет сигурно ќе уживаат многу мажи ширум светот.
Оваа „колекција“ нови „ангели“ е најголемата во историјата на бренодот.