Додека пејачката ги гледала и бодрела своите синови за време на фудбалскиот натпревар, кој го напуштила 10 минути пред крајот, папараците успеале да го зумираат делот од нејзиното тело кој воопшто не е за пофалба.
Бритни Спирс во таа прилика покажала дека води борба со вишокот килограми, и дека целулитот ѝ „виси“ од сите страни.
Иако таа може да си обезбеди највисок квалитет на нега, која вклучува личен тренер, здрава исхрана, редовни масажи и креми против досадниот целулит, Бритни очигледно веќе со години не може да се справи со истиот.
Иако целулитот е најголемиот непријател на речиси секоја жена на светот, обожавателите се згрозија и коментираа дека е неприфатливо некогашната убавица вака да се запостави.