Запознајте го Али. 83-годишниот старец од Турција, кој живее во Берлин, Германија. Али порано работел како доктор, но сега се занимава како кројач. Има 18 деца, и фантастична гардероба.
Фотографката Зои Спавтон, забележала дека секој ден точно во 9 часот, покрај кафулето во кое таа работела минувал Али. Нејзиното внимание го привлекол со тоа што тој бил секогаш беспрекорно облечен, па еден ден Зои го запрашала дали ќе може да го фотографира. Али со задоволство прифатил, и од тој ден па натаму се родила галеријата насловена како „Што носеше Али“.