Уметникот Крис Слабер од Јужна Африка созададе исклучителна серија на слики со користење на пигментирано мастило и боја паѓајќи во вода.
Слабер креира неверојатно детални слики од течните облаци со „high-speed“ фотографија и дигитално ги манипулира, мешајќи ги лицата и фигурите.
Тој на својот профил отркива дека бил инспириран од скулптурите од масло и вода на британецот Алберто Севесо. Тој исто така изјавил: „Идејата зад оваа серија беше да покажам дека од Деструкција доаѓа Создавање. Како што бојата паѓа постои постојана точка на создавање, но во исто време таа се уништува себеси.“