Кога ќе го чуеме зборот „занаетчија“ веќе почнува да не потсетува на некое друго време, не вози низ старите „Македонски народни приказни“… Единствен времеплов во реалноста останува старата скопска чаршија во која се уште можеме да видме ковачи, кројачи, златари, столари, рачно изработени сувенири… Кој е виновен што умира занаетчиството? За жал не можеме да го пронајдеме виновникот затоа што не постои некој кон кој што можеме да покажеме со прст. Виновна е глобализацијата, современиот начин на живот, развиената технологија, желбата за високо образование. Старите велат „Занаетот е измислен од бога“. Во приказните оној кој знаел занает успеал да се ожени со царевата ќерка. Не е лошо ни денес да се научи нешто: плетење, обработување на дрво, ковање… Од познавањето неможе да се има никаква штета, а не знаеме зошто и кога тие знаења ќе можат да се применат.