Иако пејачот Робин Тике напорно се обидуваше да го спаси бракот со сопругата , откако јавноста дозна за неговото неверство, се чини дека нивниот брак е дефинитивно завршен.
Поточно, E! Online пишува дека Пола сега и официјално поднела барање за развод и побарала заедничко старателство на 4-годишниот син Џулијан.
Главната причина се вообичаените „непомирливи разлики“, и се чини дека брачните другари, кои беа во брак девет години, одлучиле мирно да се разделат. Пола барањето за развод го поднела пред осум месеци откога беше објавено дека се разделени.