Се чини дека врската помеѓу Шон Пен и Шарлиз Терон има светла иднина…
Познатиот 53-годишен актер Шон Пен и Шарлиз Терон изгледа се сериозни во своите планови. За прв пат се појавија заедно во јавноста на една добротворна вечера пред неколку недели, но не позирале заедно.
Пирс Морган откри неколку детали за нивната врска, и тоа го напишал во колумна за магазинот Event:
„Околу два часот по полноќ Шон ми пријде и ми честиташе за прекрасната вечера. Јас нему му честитав за Шарлиз. Тој се насмеа и рече дека таа е жена која треба да се задржи и дека ќе се потруди да го направи тоа! Ѝ реков на Шарлиз дека ми е мило што тие двајца се заедно и дека Шон е одличен тип, на кое таа одговорила: „Знам“, се насмеала и го прегрнала.“
Дека ќе направи се за да ја задржи, Шон се решил да го собере оружјето кое го поседува. Не сакајќи да ја предизвикува судбината, Шарлиз го уверила актерот дека оружјето е непотребно и дека ја присетува на ужасните настани од своето детство кога нејзината мајка го убила нејзиниот татко со пиштол откога тој во пијана состојба пукал во собата на тогаш 15-годишната актерка.