Еден од најатрактивните холивудски двојки во последно време се неразделни.
Шарлиз Терон и Шон Пен уживаа со синот на Шарлиз Џексон на плажа во Малибу. Додека малиот си играл, новиот холивудски пар ја искористил секоја минута за гушкање и разменување нежности.
Заљубената двојка буквално не можеле да ги тргнат рацете еден од друг, а Шарлиз својот драг маж го прегрнала додека внимавале на малиот.
Кога малиот Џексон се уморил од играта, во која се вклучил и Шон Пен, мајката Шарлиз го завиткала во голем пешкир и си заминале.
Американските медиуми велат дека веќе постојат гласини дека познатиот пар живеат заедно, а наскоро би можела да „падне“ и венчавка.