Џенифер Лопез и танчерот Максим Чимерковски се заљубени до уши.
Така барем тврдат оние што се блиски до славната двојка.
Секси пејачката е подготвена да ја признае во јавноста својата романса со професионалниот танчер, и не само тоа, подготвена е да ја направи врската уште повеќе сериозна, така што ќе започнат да живеат заедно.
Парот досега се дружеше, а Макс понекогаш бараше совети од неа. Сепак не е тајна дека Џеј Ло го гледа Максим како исклучително талентиран и неверојатно секси.
Пејачката зад себе има три брака. Иако верува дека вистинската љубов постои, очигледно се уште не ја пронашла. Можеби со Максим ќе и се посреќи. Останува да видиме.