Залив на Коските, волшебна локација на Охридското Езеро

Залив на Коските е залив во Охридското Езеро и археолошки локалитет на праисториска наколна населба на полуостровот и автокампот Градиште. Музејот на вода претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време, туристичка атракција како за нас во Македонија така и за посетителите од соседните семји.

Се претпоставува дека на ова местов некогаш многу одамна се простирала платформа од околу 8.500 м², а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.

B

Некогаш тука се наоѓале наколните населби, односно градови правени на платформи, кои стоеле на дрвени колци забодени на дното на езерото. На тие наколни платформи се наоѓале куќите на праисториските луѓе, кои со подвижен мост биле споени со брегот. Жителите на овие населби се занимавале најмногу со риболов, но и со земјоделство и лов.

Доколку досега не сте имале прилика да го посетите овој прекрасен археолошки локалитет, направете го тоа што поскоро, бидејќи навистина има што да се погледне, а до тогаш, задоволете се со панорамскиот преглед објавен на страната 360macedonia.com.

- Реклама -