Тара Рид ја стекна својата слава со улогите во „Аmerican Pie“ и „Sharknado“, кога важеше за вистински секс симбол.
Денес актерката изгледа преслабо и постојано е на мета на загрижувачки коментари, а таа јавно не признава дека пати од анорексија.
„Јас сум само ситна девојка, гледате? Јас јадам и јадам. Некои луѓе јадат премногу добиваат критики дека се предебели. Јас сум тоа што сум. Ако сакате да ме окривите дека сум преслаба, само напред, јас сум јас,“ гласеше демантот на Тара минатата година.