Загрижена бидејќи работата и семејниот живот не одат заедно

Убавата актерка има мака во правењето на некои одлуки, како во приватниот, така и во семејниот живот!
Лив Тајлер, актерка и ќерка на Стивен Тајлер, фронтменот од Аеросмит, неодамна е во врска со најдобриот пријател на Дејвид Бекам, Дејв Гарднер.

И додека во врската со нејзиниот нов дечко оди се како што треба, актерката сепак ја мачат некои работи поврзани со кариерата и семејството.

Screenshot_9

„Семејниот живот нема да ви „цвета“ ако сите својата енергија ја насочат кон работата“, вели Лив.

Актерката вели дека е незамисливо за неа да биде отсутна од дома долго време откако го има нејзиниот деветгодишен син Мило.

- Реклама -