18-годишна девојка од Битола, совозач, загинала во сообраќајна несреќа откако автмобилот управуван од 38-годишната О.М.К. од Битола излетал од патот.
Несреќата се случила во близина на селото Тополчани. Според првичните наводи, излетувањето на возилото се случило поради неприспособена брзина на патот.
Девојката која била на совозачкото место излетала од возилото и починала на самото место. На жената која возела, пак, не ѝ биле констатирани повреди.