Загина дете по пад од импровизирана приколка за трактор

18-годишен жител од селото Бузалково со тракторот превезувал деца во импровизирана метална корпа-приколка. Кога тргнал по удолнина, корпата се откачила.

Како што се наведува во дневниот Билтен на МВР, на 27.07.2018 година околу 20:00 часот во нива лоцирана над крстосницата за с.Сливник, покрај пат кој води кон с.Рлевци-велешко С.С. (18) од с.Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблци во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од с.Бузалково.

Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди.

Прочитајте и:  Китанова ја доби наградата Гран при за литература на 57. Детски Рацинови средби

Три од децата (на возарст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кај третото (осумгодишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

- Реклама -