Во „Сулејман Величествениот“ не можеа да се поднесат, а сега глумат љубовници.
Мерјем Узерли (30) и Окан Јалабик (35) оваа година ќе започнат со снимање нова историска серија, која ќе ја продуцира истата продуценска куќа која работела на „Сулејман Величествениот“.
Иако креаторите на новата ТВ серија сеуште не сакаат да откријат детали од сценариото, турските медиуми објавија дека Мерјем повторно ќе глуми султанка. Откако се прослави како озогласената Хурем, сега би требало да биде султанката Косем, една од најмоќните жени во Османлиската империја. Окан, Ибрахим Паша од „Сулејман Величествениот“, ќе биде нејзиниот сопруг Ахмед. Продуцентите на новата серија сеуште немаат датум за почеток на снимање, пишуваат турските медиуми.
Мерјем за околу три недели ќе роди ќерка, а потоа има намера да се врати во Турција затоа што ќе треба да стане член на жирито за музичкото шоу “X Factor”. Иако пред пола година таа се заколна дека никогаш повторно нема да снима турски серии, изгледа дека се предомислила.
– Ние се извинивме на неа по доделувањето на актерските награди во Истанбул. Нас не ни беше сеедно да слушаме како не окривува и оцрнува- изјавиле продуцентите.
Мерјем поради лошите услови за работа и напорното темпо на сетот го спореди со робовладеење и ја напушти серијата. Во родната Германија се лечеше од депресија, а по прекинот со поранешниот вереник Кан Атеш (46) сакала да се убие со скокање од терасата од хотелската соба.