Задоцнивте- познатата актерка наскоро пред олтар!

Кејли Куоко одбрала датум за својата венчавка.

2013-11-28 11_43_28-Kaley Cuoco, zvijezda 'Teorije velikog praska', udaje se za Ryana Sweetinga - Dn

Ѕвездата од серијата „Бубалици“ (The Big Bang Theory), планира да ја дочека новата 2014 година со прстен на рака. Кејли Куоко и нејзиниот вереник Рајан Светинг одлучиле да се венчаат на Новогодишната ноќ во Северна Калифорнија, дознаваат US Weekly.

2013-11-28 11_44_27-Kaley Couco se zaručila za Ryana Sweetinga - Dnevnik.hr

Пред две недели објавила слика на Instagram од нејзината моминска вечер, а венчањето ќе биде тематско со многу коктели, танцување и славеничко расположение. Двојката се вери оваа година по само три месеци врска. Кејли во емисијата ‘The Late Late Show’ со Крег Фергусон откри дека отсекогаш планирала да се венча на 27 години.

2013-11-28 11_43_41-Kaley Cuoco, zvijezda 'Teorije velikog praska', udaje se za Ryana Sweetinga - Dn

„Моја скриена желба е на венчавката да влезам на еден од моите коњи“, признала актерката и додала дека за неа тоа е голем ден. „Сакам да го направам тоа само еднаш во живото“, изјавила Кејли.

2013-11-28 11_44_33-Kaley Couco se zaručila za Ryana Sweetinga - Dnevnik.hr

- Реклама -