Иги Азалеа позирала во проѕирна када додека нејзиното момче Ник Јанг заљубено ја гледа.Американските медиуми веќе ги нарекоа најоткачен пар во НБА лигата!
Раперката Иги Азаела и кошаркарот од Лос Анџелес Лејкерс, Ник Јанг снимија интересен едиторијал за американското издание на списанието GQ.
Новиот љубовен пар се обидува да го привлече вниманието. Раперката од Австралија тоа и тргнало од рака во 2011 година кога го објавила албумот ‘Ignorant Art’. Но, музиката не е единствената работа поради која оваа 24-годишна го привлекува вниманието на медиумите.
Нејзиниот задник полека влезе во кругот на оние познатите, како Џенифер Лопез и Ким Кардашиан. Ник Јанг, освен што ја завел младата раперка, се труди да острвари голем успех и на теренот на НБА лигата.
Ако до сега не сте ги запамтиле, сега сигурно ќе го направите тоа.