Кит Харингтон за кого жените од целиот свет воздувнуваа кога се појави како Џон Сноу во серијата „Игра на престоли“ се враќа во голем стил.
Не останало ни трага од она тажно „беби-лице“.
Кит се впушти во модните води, па во последната кампања за претстојната пролет на брендот „Jimmy Choo“ се појави како нивно заштитно лице.
Од Џон Сноу остана само брадата, но убаво исечена, додека косата му паѓа наназад. Кит носи некој шмек на старите времиња, и иако во прв план би требало да бидат чевлите, заштитното лице го привлекува целото внимание.
Инаку, Харингтон се подготвува за почетокот на петата сезона на „Игра на престоли“ која започнува на 12-ти април. На прашањето каква ќе биде, тој кратко одговорил: „Богата“.