Ова не е прв пат таа да зачекори во оскудни парчиња гардероба, но веќе и не е до толку интересно кога Лејди Гага ќе се појави на прошетка само по градник. Не знаеме дали 27-годишната пејачка се почесто се случува да заборави да облече маица, или едноставно се обидува да предизвика нова модна револуција, но американските медиуми го опишаа целото појавување како патетичен обид за да се привлече вниманието.