Велат дека омилената боја го открива вашиот карактер, а тиркизната во овој случај е боја на која и даваме целосна предност, барем кога станува збор за последните летни трендови. Така, доколку тиркизната боја е вашиот избор, во неа ќе зрачите со мир и спокој. Tаа го ублажува чувството на осаменост и стрес, и воедно помага при размислувањето и донесувањето на одлуки, особено во организациските способности.
Тиркизната облека сјајно одговара на исончан тен, па токму поради тоа е идеална за летниот период. Доколку планирате наскоро да го подновите вашиот гардеробер, и доколку ви се допаѓа тиркизната боја, наполнете ја вашата „шопинг торба“ со модни парчиња токму во оваа боја. Оваа сезона се популарни и панталоните во боја, така што со сигурност нема да погрешите доколку се одлучите за оваа опција.
Тиркизната облека одговара одлично со речиси сите неутрални бои, а најдобро изгледа со бела, црна или тегет комбинација. Тиркизниот накит, обувки или некоја интересна чанта сјајно ќе изгледаат на некоја едноставна комбинација.