За ваков врат на 67 години жените може само да сонуваат

Шеесет и седумгодишната актерка Хелен Мирен го покажа нејзиниот неверојатно мазен врат кога на доделувањето на Olivier наградите го доби признанието за улогата на британската кралица.

За разлика од египетската кралица Нефертити, која 700 години е инспирација на жените кои сакаат лебедов, младешки врат, во денешно време се соочуваме со модерни предизвици кои нѐ спречуваат да имаме мазен и цврст врат како на Хелен.

943028_531642363564959_1584793191_n

Дури и оние кои се обидуваат да го одржат изгледот со вежбање формираат стомачни мускули на штета на вратните кои се скратуваат поради специфичната положба на главата за време на вежбањето.

Helen+Mirren+Olivier+Awards

Додека ботоксот и останатите третмани ќе го задржат младешкото лице, вратот кога тогаш ќе ве издаде. До неодамна естетската хиругија се чинеше како најдобро решение за овој проблем, но многумина стравуваат од заминувањето под нож. Токму поради тоа хирурзите се досетија на „Нефертити лифтинг“, односно процедура која ветува врат како на кралицата. Третманот вклучува 20 до 40 мини ботокс инјекции во подрачјето на вратот и челото, а самиот пороцес трае 15 минути. Резултатите се видливи во рок од седум дена и траат и до 4 месеци.

Olivier Awards 2013 Press Room - London showbiz-helen-mirren-olivier-awards-2013

- Реклама -