Многу познати личности се скротуваат во моментот кога ќе се венчаат и ќе добијат деца, но тоа не е случај и со Ким Кардашијан.
За да биде уште побизарна целата слика, нејзин стилист при фото сесијата е кој друг ако не нејзиниот сопруг, со очајна желба да стане креатор, Канје Вест.
Тој уште еднаш „ја облече“ својата избраничка во чиј што стил вмеша прсти уште пред четири години и така премина од музичката и кон модната индустрија.
Серијата е создадена за потребите на System магазинот, а истата настана пред неколку месеци, за време на посетата во Франција, кога Ким беше русокоса.