За секој ослабен килограм, еден грам злато

Властите во Дубаи имаат генијален нов план за да се стимулира слабеењето на граѓаните. За секој ослабнат килограм, “натпреварувачите” ќе бидат наградени со еден грам злато, пишува Хуфингтон пост.

Дубаи е град на преку 2.100.000 жители и се повеќе се зголемува бројот на дебели луѓе. Поради тоа, официјално во петок, започнува новиот програм за слабеење, подржан од законодавната власт. Натпреварувачите треба да се пријават до петок, кога на сите ќе им биде измерена телесната тежина. За секој килограм кој ќе го симнат во рок од 30 дена, ќе бидат наградени со еден грам злато, чија моментална вредност е околу 45 долари.

За прв пат Обединетите Арапски Емирати, со ова го истакнуваат проблемот со зголемената тежина кај нивната популација, како резултат на брзата храна и намаленото движење и вежбање.

- Реклама -