Ким Кардашиан и Кајне Вест поминаа слатки моменти заедно како семејство. Парот за прв пат е фотографиран во јавноста со малата четири-месечна Норт Вест.
Семејниот излет во Санта Барбара се претвори во идеално време за фотограферите кои деноноќно ги следат стапките на Кајне и Ким.
33-годишната Ким, без шминка на лицето, ја покажа уште еднаш својата природна убавина која дополнително ја истакна бебето во нејзините раце. Кајне, како и секој татко, туркајќи ја количката покрај своите две девојки, кои како што повеќе пати повторил, целосно му го исполниле животот.
Кајне моментално е на турнеја низ САД, но секој слободен миг го посветува на своето сакано семејство. Неговата семејна идила може да ја погледнете на следниве фотографии: