За неколку години ќе може да се пресадува човечка глава

Прв пат за пресадување на човечка глава беше спомнато во 1999 година, кога американски неврохирург пресади глава од мајмун, но мајмунот остана парализиран.
Monkey_Brain_Transplant

Денеска во италијанскиот неделник Оги излезе статија на прочуениот неврохирург Серхио Канавeро во која се вели дека современата медицина веќе ги има тие можности. Канавeро стана познат во 2008 година кога од вегетативна состојба успеа да пробуди 20 годишна девојка.
resizer

Проектот за пресадување на глава се вика HEAVEN/GEMINI (Head Anastomosis Venture with Cord Fusion) односно можноста за спојување на две различни целини на `рбетниот мозок, од телот на донаторот со таа на примачот.

Во неделникот Оги, Канавeро објаснува како да се реконструира континуитетот на `рбетниот мозок, што всушност е основната цел на операцијата. Веќе постојат специјални хемиски материјали кои се во можност да го вратат интегритетот на откинатите нервни влакна. Целиот оперативен зафат се врши во длабока хипотермија на 15 степени, за да може да се заштити мозокот.

Канавeро објаснува кои би можеле да бидат донатори а кои приматели на трансплатацијата, како на пример, луѓе што ги загубиле животите од фрактура на черепот и оние кои се сериозно болни од невромускулни болести. Исто така тој истакнува дека веќе е време да се изготват законски регулативи за такви трансплатации.

За трансплатација на човечка глава многу се дискутираше во 1999 година кога американскиот неврохирург Роберт Џ Бела ја изведе трансплатацијата на мајмунска глава. Тогаш се покренаа многу морални и етички прашања, но сепак Канавeро мисли дека тоа нема да биде сериозна пречка за науката и поголемо внимание посветил на законите кој го забрануваат тоа. Исто така истакнал дека методот би бил ист како на Роберт Џ Бела, и го оправдал својот колега дека сепак бил условен од тогашната технологија. Тој ја завршил својата статија со констатацијата, доколку сега се изведе истиот оперативен зафат, би бил успешен.

- Реклама -