Изгледа подобро од било кога, светот ја обожава, таа е мајка и славна дива, но никако не и оди во љубовта.Пејачката Џенифер Лопез во моментов е зафатена со промоција на својата биографија „True Love“, откри додека гостуваше во шоуто на Дејвид Летермен.
45 годишната ѕвезда неодамна излезе од врска и планира некое време да ужива во самотијата,
„ Тоа беше процес, да научам дека некое време морам да бидам малку сама. Иако ова не е мојата најпријатна состојба, морам да го направам. Конечно, се носам со тоа“, изјави Џеј Ло.
„ Не ми е потребен никој, но би сакала да имам некој покрај себе. Тоа би било убаво. Сепак, морам некое време да бидам сама и среќна. Некогаш е потребно да си дадете малку време, да зараснат раните“, додава таа.