За моите пријатели кои живеат надвор од Турција

Го пишувам ова за да знаете што се случува во Инстанбул во последните пет дена. Морам да го напишам овој блог, поради тоа што додека јас го пишувам ова, повеќето медиуми од мојата земја се блокирани од страна на владата и само Интернетот ми останува како начин да се изјаснам и да објаснам, а воедно и да побарам подршка и помош од вас.

Последната недела од Мај 2013, група на луѓе, од кои повеќето не се приврзаници на никоја организација, ниту идеологија, се собраа во паркот Гези во Истанбул. Меѓу нив беа многу мои пријатели и студенти од Јога. Причината беше едноставна: да се спречи и протестира, уништувањето на паркот и изградбата на уште еден трговски центар. Има многу такви центри во Истанбул, најмалку по еден трговски центар во секое маало.

Сечењето на дрвата требаше да започне во четвртокот наутро. Луѓето отидоа во паркот со својте ќебиња, книги и деца. Ги поставија шаторите и ја поминаа ноќта. Утрината кога дојдоа булдожерите да ги бутнат стогодишните дрва, тие застанаа против машините и протестираа да се запре уништувањето.

Тие не направиа ништо, освен што пасивно стоеја пред машините.

Немаше ни новинари ни камери да известат за протестот. Медиумски воопшто не беше покриен протестот.

Но полицијата пристигна со водени топови и солзавец. Тие ја растурија толпата народ која протестираше.

Во вечерните часови, бројот на луѓето кои протестираа се зголеми. Исто како и бројот на полициски единици околу паркот. Во меѓувреме локалната власт ги затвори сите приоди на Таксим плоштадот, каде што Гези паркот се наоѓа. Метрото беше исклучено, траектите беа откажани, патиштата блокирани.

Но, се повеќе луѓе, пешки го наоѓаа патот до центарот на градот.

Доаѓаа од сите делови на Истанбул. Од различни социјални сталежи, различни идеологии, различни религии. Сите тие се собраа да го спречат уништувањето на нешто поголемо од самиот парк. Правото да живеат како почитувани граѓани на оваа земја.

Тие се повеќе се собираа и пасивно протестираа во паркот. Во текот на ноќта, полицијата за справување со толпи ги запалија шаторите на демонстрантите и ги нападнаа со водени топови,солзавец и пепер спреј. Двајца млади беа прегазени од возилата и починаа. Една млада девојка, моја пријателка, беше повредена во главата од фрлените канистри со солзавец. Полицијата ги испалуваше директно во толпата народ. После три часовна операција, таа сеуште беше на интезивна нега и во критична состојба. Додека го пишувам ова, таа е сеуште во критична состојба и не се знае дали ќе преживее. Овој блог и го посветувам нејзе.
61237937

Овие луѓе се мои пријатели, Тие се мои студенти и мои роднини. Тие немаат “скриена агенда”, како што државата сака да прикаже. Нивната агенда е таму надвор. И е многу јасна. Целата земја се распродава на корпорации од страна на државата, за изградба на трговски центри, луксузни станови, патишта и брани, нуклеарни централи. Владата е во потрага на (и креирање кога е потребно) причина да ја нападне Сирија, против волјата на Турскиот народ.

Како врв на сето ова, владината контрола врз личниот живот на својот народ стана неподнослива. Државата, под својата конзервативна агенда, донесе многу закони и прописи во врска со абортусот, раѓањето со царски рез, продажбата и употребата на алкохолот, па дури и бојата на карминот на стјуардесите во авиокомпаниите.

Луѓето кои маршираат во центарот на Истанбул, го бараат своето право да живеат слободно и да добијат правда, заштита и почитување од државата. Тие бараат да партициприраат во донесување на одлуките за средината во која живеат.

За возврат тие добија прекумерна употреба на сила и огромни количини на солзавец, испукани директно во нивните лица. Тројца го загубија својот живот.

Но сеуште маршираат. Илјадници граѓани од сите сфери на животот, како подршка им се приклучија на демонстрантите. Неколку илјади го поминаа мостот на Босфор пешки, за да го подржат својот народ. Тие беа пречекани повторно со водени топови, солзавец и непријателство. Четири луѓе го загубија својот живот, илјадници беа повредени.
001

Ниедна ТВ станица не беше присутна да ги пренесе настаните. Тие беа премногу зафатени со “Мис Турција” и “Најчудната мачка на светот”.

Полицијата продолжи со растурање на демонстрантите и прскајќи толкава количина на солзавец и пепер спреј, до тој степен што кучињата и мачките скитници, умираа на улица од тоа.

Училиштата, болниците, па дури и Хотелите со 5 ѕвезди на плоштадот Таксим, ги отворија својте врати да им помогнат на повредените. Докторите ги исполнија училниците и хотелските соби за да обезбедат прва помош. Неколку полицајци одбија да ги прскаат невините луѓе со пепер спреј и си дадоа отказ од својте работни места. Околу плоштадот поставија интернет попречувачи, за да нема пристап до интернет и 3Г мрежата. Обичните граѓани и бизниси обезбедија бесплатно безична интернет мрежа за луѓето на улиците. Рестораните даваа бесплатно вода и храна.

Луѓето од Анкара и Измир се собраа на улиците во знак на подршка на граѓаните од Истанбул. Демонстрациите се раширија и по другите градови, каде што беа пречекани многу по брутално од полицијата. Илјадници продоложија да се приклучуваат.
51af3fb6501d4204006

Главните медиумски куќи продолжија да прикажуваат “Мис Турција” и “Најчудната мачка во светот”.

Го пишувам ова писмо, за да знаете што се случува во Истанбул. Медиумите нема ова да ви го прикажат. Не барем во мојата земја. Ве молам, напишете што е можно повеќе статии во врска со ова, раширете го гласот.

Јас не припаѓам на ниедна политичка партија. Не верувам во политика. Не бранам никаква идеологија и не сум на страната не режимот. Како и многу други во Турција, изморен сум и фрустриран од поларизацијата помеѓу Кемалистите и исламистите. Јас не припаѓам на ниту една од нив. Верувам дека треба да се движиме подалеку од поларизацијата и да најдеме нов начин на поврзување. Знам дека повеќето луѓе кои се на улиците во Истанбул мислат како мене и знаеме дека не сме сами. Се што сакаме е да го живееме својот живот достоинствено.

Во моментите кога објаснував што се случува во Истанбул, на мојата Фејсбук страна, некој ме праша следново:

“Што се обидуваш да постигнеш, со тоа што се жалиш пред странците за нашата земја?”

Мојов блог е одговор до неа!

Со таканареченото “жалење” за мојата земја, јас се надевам дека ќе добијам:

Слобода на изразување и говор!
Почитување на човековите права!
Контрола врз одлуките што се однесуваат за мене и за моето тело!
Правото за легитимно здружување во било кој дел на градот, без да ме сметаат за терорист!

Но најмногу од се, ширење на зборот помеѓу вас, пријатели мои, што живеете насекаде низ светот, и се надевам дека ќе ја придобијам вашата свест, поддршка и помош!

Ве молам, раширете го зборот, споделувајте го овој блог!

Ви благодарам!
објавено на 01.06.2013
Превземено од: Човечката состојба (İnsanlik Hali)

- Реклама -