За малку ќе ја загубела улогата во „Пријатели“

Актерката Џенифер Анистон едвај не ја загубила својата судбоносна  улога во култниот серијал „Пријатели”, и тоам уште пред почетокот на снимањето.

Оваа вест ја сподели самата. Како што раскажува Анистон, таа имала обврски кон друга серија на CBS со име Muddling Through и продуцентите на „Пријатели “не сакале актерката да учествува и во двете серии.

Имено неколку девојки што ги сретнала додека траеле преговорите, и кажале дека учествуваат на кастинг за нејзината улога во комедијата – онаа на Рејчел Грин.

На крајот сепак Muddling Through пропаднала, па така Џенифер Анистон добила можност да игра во „Пријатели”.

Токму Рејчел од оваа серија,  ја претвори Анистон во голема холивудска ѕвезда.

- Реклама -