За есен, со љубов

Бројни уметници паѓаат во љубов со есента.

Тие на многу наврати зборувале за магијата и страста на нејзината раскош и убавина, како и за инспиративниот жар што есента го расфрла насекаде, па ако го пронајдеш одговараш на нејзиниот флерт.

Есента не е само дожд  и студ, таа е игра со бои, светли чадори, пешачење во шумата во потрага по печурки и топла и пријатна вечер со најсаканите.

Ве каниме да уживате во делата на многу талентирани уметници, кои ќе ви ја претстават сета убавина и мистерија на златната есен.

Есен во град на Ричард Мекнејл

Уметникот е роден во 1958 година во Велика Британија. За него малку се знае, иако неговите слики ја украсуваат големата соба на Белата куќа во САД. Неговата работа – тоа е како есенска прошетка низ Париз или Њујорк. Делата се толку прекрасни, што невозможно е да не ве повлечат.

Самотијата на Томас Кинкејд 

Делата на Томас се признаени како најдобри литографии, 8 години по ред. Неговите слики се оаза на мирот.

Светлите бои на Леонид Афремов

Леонид Афремов е меѓународно признаен современ импресионистички сликар кој што разви уникатен стил на создавање  дезени. Тој црта без употреба на четки. Наместо нив користи посебен нож, шпатула (лопатка).

Прекрасната сценографија на  Евгениј Лушпин

Евгениј е еден од најпопуларните современи уметници. Неговите дела привлекуваат со убавината, а понекогаш тие се толку реалистични што тешко се разликуваат со фотографиите.

Волшебната природа на Чарлс Вајт


Уметникот Чарлс Вајт е роден во 1943 година во Квебек (Канада). Кога бил тинејџер, многу од неговите пејзажи се продавале успешно, а сега тие се дел од збирките низ целиот свет. Сликите од “Златна есен” го покануваат гледачот да се дистанцира настрана од работата и да се фрли во светот на спокојната убавина.

- Реклама -