Ѕирнете во палатата на Ким и Кание од 11 милиони долари

Кратко по раѓањето на малата Норт Вест, Ким и Кание решија да го одбележат проширувањето на нивното семејство со купување на раскошна палата на Бел Ер во Калифорнија, за „само“ 11 милиони долари.

Пред влезот на новата куќа на популарната двојка, лоцирана во најлуксузниот дел во Лос Анџелес, деноноќно стојат вооружени чувари. Новоизградената палата од 830 квадратни метри, се простира на површина од 10 хектари, а Ким и Кание се нејзини први сопственици.

Вилата на спрат има пет спални соби, шест купатила, лифт, кошаркарски терен, целосно опремен фризерско-козметички салон, спа, огромен и простран двор, базен, итн…

1aeda67f7a30fca24b2c8038300b8882