И „Wonder Woman“ против Брет Ратнер


Актерката Гал Гадот која ја одигра главната улога во „Wonder Woman“ се закани дека нема да глуми во вториот дел доколку Брет Ратнер остане режисер.

Гадот бара Ратнер да биде отпуштен откако се обелодени дека и тој сексуално вознемирувал актерки со кои соработувал. По скандалот, Брет Ратнер најавил дека ќе се повлече од проектите на „Ворнер Брос“, но актерката е децидна дека студиот треба да ја прекине секоја соработка со него.

Режисерот Ратнер е уште еден од низата режисери и актери кои во последниот период се вмешани во секс-скандали во Холивуд.

- Реклама -