Whitesnake на 14 јуни на Калемегдан

Британската група Whitesnake на 14 јуни ќе одржи концерт на Калемегдан во Белград во рамки на својата светска турнеја „Year of the Snake“.

Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од 7 февруари и тоа по цена од 1990,2990 и ВИП карти за 3500 динари.

Фановите неодамна ги израдува и веста дека во групата се врати легендарниот бубњар Томи Олдрич.

„Кога го прашав бендот да состават листа на омилени бубњари кои ги сакаат на оваа турнеја, сите по ред го напишаа името на Томи. Фановите, исто така, немаа дилема. Судбината сакаше повторно да работиме. Ова ќе биде многу добра забава“, напишал пејачот Дејвид Ковердејл.

[youtube]http://youtu.be/oVX3Y-1bWwo[/youtube]

 

Whitesnake во 1978 година ја основал Дејвид Ковердејл откако го напушти бендот Deep Purple. Веќе првите четири албуми им се пласираат во првите 10 на светските топ листи и стануваат еден од најуспешните рок бендови на сите времиња со преку 70 милиони продадени носачи на звук.

Од 11 студиски албуми, дури три објавија во последните седум години. Овој пат, како што тврдат се спремаат да ја крунисаат кариерата и тоа токму во годината на змијата што почнува на 10 февруари по кинески календар, а носи напредок.

[youtube]http://youtu.be/ujnH4yNqL8E[/youtube]

- Реклама -