Второ па машко за Бијонсе

Веќе некое време сериозно се шпекулира дека Бијонсе е во очекување на нејзиното второ дете од сопругот Џеј Зи.

Сепак, познаници на пејачката откриваат дека Бијонсе навистина е бремена и тоа во близина на 4-тиот месец .

„Двајцата со Џеј се многу среќни. Дури веќе го знаат полот на бебето”, издава близок до музичката двојка.

Според човекот кој не сакал да се именува, наскоро Бијонсе и Џеј Зи ќе се радуваат на машко засилување во семејството, бидејќи пејачката е бремена со машко бебе.

До моментов Бијонсе категорично не сака да ја коментира темата пред медиумите. Пејачката сепак се почесто се облекува со широка  облека, преку која, според многумина, се крие веќе пораснато бремено стомаче.

Прочитајте и:  Бијонсе доби восочна фигура во францускиот Музеј „Гревин“

Според таблоидите, исто така, оваа слика што пејачката ја објави неодамна, е уште еден доказ за нејзината состојба.

bijonseplaza

- Реклама -